ПОВЕЌЕ

    На берза фрчат блок трансакции со акциите на Реплек

    Време зa читање: 2 минути

    Во блок транскација вредна 17,4 милиони денари или околу 283 000 евра во понеделникот на 19.04 на Македонска берза се продадоа 153 акции од Реплек. Акциите се продадоа по цена од 113 839 денари по акција.

    Освен во блок трансакција вчера беа продадени и уште 211 акции. Цена на акцијата изнесуваше 113.839 денари, а вкупниот промет од продажбата достигна 24 милиони денари или 390 илјади евра.

    Сите овие пресврти во акционерскиот капитал на фармацевтската компанија се случуваат по последните настани на Годишното Собрание на акционери каде акционерите не го усвоија финансискиот план за работењето на Реплек за 2020 година незадоволни од работењето на менаџерскиот тим на чело со директорот Иван Туџаров. Продолжението на собранието е закажано за в четврток.

    Во меѓувреме нова продажба на акциите на Реплек е закажана на Македонска берза за утре и тоа на продажба се нудат дури 1.783 акции.

    Утрешната се смета за клучна продажба на акции бидејќи ќе се продаваат 6.88 проценти од акциите на Реплек. Продажбата на овие акции се смета дека ќе ја избистри сликата за новата сопственичка структура во компанијата и ке ја реши борбата за превласт меѓу акционерите.

    Според сознанијата на Пари.мк акционер кој поседува 6.88 % од акциите во Реплек е Сава пензиско друштво. Почетна продажна цена е 135.000 денари по акција преку моделот “се или ништо“.

    Во централниот регистар се впишани 6,40% од акциите на Задолжителниот пензиски фонд на Сава. Останататите 124 акции кои изнесуваат 0,48% се содржани во Доброволниот фонд Сава пензија плус, или со овие акции вкупно Сава пензиско друштво а.д Скопје поседува 6,88% од акциите во Реплек. 

    Останати акционери кои поседуваат над 5% се:

    Славица Туџарова Трајковска 11,57%

    Владимир Пецовски 5,79%

    Душан Пецовски 11,92%

    Друштво за трговија и услуги Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје 6,10%

    Иван Туџаров 11,20%

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично