ПОВЕЌЕ

    Ангела Меркел десетта година по ред на врвот на листата 100-НАЈМОЌНИ ЖЕНИ НА СВЕТОТ

    Време зa читање: 2 минути

    Сенаторката Камала Харис е првата жена, прва Американка со темна кожа и прва Американка со азиско потекло, која е избрана за потпретседател на Соединетите држави што представува троен преседан.

    Нејзиниот брз подем во американската политика, исто така, ја катапултира на списокот на Форбс за 100 најмоќни жени во светот за прв пат; дебитира на 3-то место, веднаш под германската канцеларка Ангела Меркел која е на првото место десетта година по ред и шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард која е на второ место втора година по ред, објави списанието Форбс.

    Жените на 17-тата годишна листа на моќ на Форбс доаѓаат од 30 земји и се родени во четири генерации. Меѓу нив има 10 шефови на држави и 38 извршни директори.

    Но, иако тие се разликуваат во возраста, националноста и описот на работното место, тие се обединети во начините на кои ги користат своите платформи за решавање на уникатните предизвици во 2020 година.

    Неколку од имињата на годинешниот списокот добија глобални пофалби за нивниот ефективен одговор на Ковид-19: Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн (број 32) ги победи првиот и вториот бран на вирусот во нејзината земја, наметнувајќи строги мерки и карантин.

    Тајванската претседателка Цаи Инг-Вен (бр. 37) спроведе ригорозна програма за пронаоѓање контакти со заразени лица во јануари: како резултат, до денес, островот со 23 милиони жители изгуби само седум лица од корона вирусот.

    На списокот се и телевизискат ѕвезда Опра Винфри, шефицата на ММФ Кристалина Георгиева, извршниот директор на Фејсбук Шерил Сандберг, кралицата Елизабета Втора, поп-sвездите Ријана и Бијонсе и финската премиерка Сана Марин.

    Ова се првите десет, целата листа можете да ја видите ТУКА.

    1.Ангела Меркел
    2.Кристин Лагард
    3.Камала Харис
    4.Урсула фон дер Лајен
    5.Мелинда Гејтс
    6.Мери Бара
    7.Ненси Пелоси
    8.Ана Патриша Ботин
    9.Абигејл sonонсон
    10.Гејл Будро

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично