Изминатата седмица во Сараево – Босна и Херцеговина ФД М Кеш Македонија како дел од групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанска Комора на Македонија, зема учество на престижната регионална конференција Microbalkans 2024“.
Покрај Генералниот Директор – Станислав Башов и Директорката за човечки ресурси и финансии – Бјанка Катру ,дел од овој настан беше член од правниот оддел – Јелица Бајалска како и Генералнот Директор на Кредис Хрватска – Светослав Милчев , при што и двете компании се под шапката на МФГ (Management Financial Group) .
На престижниот настан присуствуваа бројни еминентни личности, лидери на финансиски и микрофинансиски институции, експерти за дигитална трансформација, претставници од централните банки, регулатори, правни советници, провајдери на информациски технологии од регионот и пошироко.
Клучно за оваа конференција беше потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу микрофинансиските институции од Западен Балкан. Преку оваа платформа, земјите од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, ќе имаат пристап до дополнителен капитал, гаранции за финансирање и техничка поддршка, како и до ресурси кои се достапни во ЕУ.
Дополнително го поздравуваме овој настан бидејќи ќе придонесе за градење на посилен имиџ на микрофинансиските институции како носители на социјална одговорност и поддржувачи на одржливиот развој, воедно создавајќи услови за подобрување на економскиот развој на регионот.
М Кеш како лидер на пазарот следејќи ги трендовите и новитетите во индустријата и во иднина продолжува неуморно да работи на правилната перцепција и подигнување на свеста на населението за важноста од правилна информираност за регулативата и заштитата на лични податоци.