ПОВЕЌЕ

    Димитри Трповски со над 5 % удел во Тетекс

    Време зa читање: < 1 минутa

    Генералниот директор за комерцијално банкарство во ТТК банка, Димитри Трповски, се вброи меѓу позначајните акционери на Тетекс Тетово. Во негова сопственост се 5,33 отсто од акционерскиот капитал, односно 5,68 отсто од акциите со право на глас.

    За промената кај акционери со значителен удел, компанијата ја извести инвеститорската јавност преку Македонска берза:

    „Тетекс АД Тетово известува дека акционерот Димитри Трповски се стекна со над 5 % од вкупниот број акции со право на глас издадени од Друштвото. Во моментот акционерот поседува 22.064 акции што претставува 5,33 % од вкупниот број издадени акции, односно 5,68 % од акциите со право на глас“.

    Тетекс е најголемиот акционер на ТТК банка, каде што Трповски има речиси дведецениска кариера. Член е на Управниот одбор, а новиот четиригодишен мандат му беше доверен во април минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично