ПОВЕЌЕ

    Денес исплата на паричната поддршка за пензионерите и ранливите категории граѓани

    Време зa читање: 2 минути

    Пензионерите со пензии до 19 илјади денари, самохраните родители и корисниците на посебен додаток и на надомест заради попреченост денес ќе ја добијат финансиската поддршка наменета за социјално ранливите категории граѓани. Со ова почнува реализацијата на мерките од деветтиот антикризен пакет кои ги опфаќа овие групи од населението во државата.

    Во текот на пет последователи месеци по три илјади денари ќе се уплатуваат на сметките од пензионерите чија пензија не го надминува прагот од 14 илади денари. По две илјади денари ќе примаат корисниците со месечни од 14.001 до 16.000 денари, а по 1.500 денари тие со пензии од 16.001 до 19.000 денари.

    Предвидената петмесечна помош за корисниците на посебен додаток и на надомест заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош е по две илјади денари.

    Доколку се случи некој од овие категории граѓани да не ги добие овие пари, треба да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика. Рокот е осум дена од денот на исплатата, а Комисијата одлучува во период од 15 дена.

    Приговорите се доставуваат електронски на [email protected] или во архивата на МТСП со назнака „До Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично