ПОВЕЌЕ

    Дел од добивката за акционерите, дел за зголемување на капиталот

    Време зa читање: 2 минути

    Акционерите на Комерцијална банка потврдија дека оваа финансиска институција ја заврши 2022 година со бруто-добивка во износ од 2.311 милиони денари, или речиси 37,5 милиони евра. По пресметување на данокот на добивка од 161,8 милиони денари (2,6 милиони евра), нето-добивката изнесува 2.149,2 милиони денари (34,8 милиони евра).

    На редовното Годишно собрание, акционерите донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка. Истовремено, ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 50 отсто од номиналната вредност на акцијата. Односно по 500 денари за акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на четврти мај.

    Дел од добивката во износ од 849,6 милиони денари (13,7 милиони евра) се издвојуваат во резерви, со цел зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите. Согласно одлуките на акционерите, еден дел од добивката – од 160 милиони денари, или речиси 2,6 милиони евра се распределува во задржана добивка. Тие средства се за инвестициските вложувања планирани за годинава, со што, исто така, се зголемува вкупниот банкарски капитал.

    Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2022 година како и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично