ПОВЕЌЕ

    ДАЛИ ОВА Е КРАЈОТ: Биткоинот би можел да падне на 15.000 долари

    Време зa читање: 2 минути

    Посилен од очекуваниот извештај за работните места во САД во петокот би можел да предизвика крипто грчеви, туркајќи го биткоинот до 15.000 долари, според хеџ-фонд кој отфрли голем дел од своите криптовалути кон крајот на август. Извештајот за состојбата на американскиот пазар на трудот од минатата недела (НФП) кој констатира зголемен број на вработувања ќе ги поттикне изгледите за натамошни зголемувања на стапките од страна на Федералните Резерви, загрозувајќи го нивото од 20.000 долари што го држи биткоинот од продажбата во средината на август, рече Макс Гокман, шеф за инвестиции во AlphaTrAI.

    Биткоинот е „многу поврзан со макро расположението во моментов“, рече Гокман во едно интервју. „Нивото од 20.000 долари е важно. Ако работите одат под тоа, ќе забележите дополнително опаѓање“, рече тој.

    Биткоинот последен пат беше близу 15.000 долари пред две години, во раните фази на ерата на огромен раст за време на пандемијата, а врвот од речиси 69.000 долари беше достигнат минатиот ноември. Дигиталните монети подоцна пропаднаа поради заострувањето на монетарната политика што го задуши шпекулативниот жар и придонесе за пропаст на крипто фирмите со потпора.

    Хеџ фондот на Гокман префрли голем дел од своето крипто портфолио на готовина на крајот на август. Тргувањето се врши врз основа на сигнали од модели кои користат вештачка интелигенција.

    Гокман вели дека фондот го заврши месецот со добивка од 0,4 отсто, во споредба со падот од 13 отсто за реперот, Bloomberg Galaxy Crypto Index. „Вистинскиот тест за биткоинот е дали тој може да остане блиску до нивото од 20.000 долари по објавувањето на НФП “, напиша Едвард Моја, висок пазарен аналитичар во Оанда. „Жешкиот извештај за пазарот на трудот и зајакнувањето на облозите за зголемување на каматните стапки на ФЕД може да предизвикаат надолен притисок и да ја испратат криптовалутата на летни ниски нини.

    Ако биткоинот успее да го задржи нивото од 20.000 долари, тоа би можело да го зајакне случајот дека монетата, а можеби и поширокиот крипто-сектор, се стабилизирале. Но, некои трговци се очигледно загрижени и плаќаат премии на пазарот на опции за да се заштитат од пад на нивото од 15.000 долари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично