Централна кооперативна банка во петок ќе ја исплати годишната камата за конвертибилните обврзници. Пресметките се вршат по годишната стапка од 2,2 проценти.
Најавата за реализација на оваа активност е објавена на Македонска берза.
Ве известуваме дека Централна кооперативна банка АД Скопје ќе изврши исплата на годишна камата, по каматна стапка од 2,2% на годишно ниво на имателите на конвертибилни обврзници со ИСИН MKSILB200014 и шифра CKBKO.
Исплатата на каматата ќе се изврши на 22.3.2024 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на конвертибилни обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 21.3.2024 година“, наведено е во информацијата на ЦКБ.