Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети на месечно ниво, а се пониски за 2,1 процент на годишно ниво.
Во декември, споредено со ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите трајни производи за 0,5 и нетрајни производи за 0,4 насто.
Во декември лани, а во однос на истиот месец во 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 12,1 проценти, интермедијарни производи, освен енергија.