Вистината е дека финансиите влијаат врз секоја личност. Тие одразуваат до кој степен таа личност е независна и може да си дозволи производи и услуги. Истото се однесува и за секоја компанија и секое општество. Развивањето на вашите финансиски вештини ќе ви помогне да разберете како работата што ја извршувате конкретно придонесува за финансиското здравје на вашата компанија.
Имено, лесно е да се разбере влијанието на еден член од тимот за продажба врз приходите, бидејќи неговиот перформанс е директно поврзан со приходот. Но, како ја мерите вредноста на IT или одделите за сметководство, кои вршат важни должности, но директно не комуницираat со клиентите? Имање на добра основа за финансии може да ви помогне подобро да го инвестирате вашето време и ресурси.
Еден од најдобрите начини да го подобрите вашето знаење за финансии е постојано да бидете изложени на блогови за финансии, книги, списанија, подкасти и видеа. Искористете го секој момент додека сте на работа да го унапрадите вашето практично знаење, дури и ако не сте директно инволвирани во финансискиот дел од компанијата.
Во другите развиени земји во Европа, многу често луѓето се запишуваат на курсеви за сметководство, администрација, менаџирање, финансиско планирање и слично. Разгледајте ги опциите кои се достапни во нашата држава.