ПОВЕЌЕ

    Азиски пазари: индексите пораснаа трет ден по ред

    Време зa читање: < 1 минутa

    Цените на азиските берзи пораснаа во четвртокот, трет ден по ред, благодарение на оптимизмот во однос на вакцината против коронавирусот, но тргувањето е воздржано со оглед на тоа што индексите се движат на рекордно ниво.

    Индексот на азиско-пацифички берзи MSCI, со исклучок на јапонскиот, се зголеми за 0,3 проценти околу 7,00 часот и лебди на рекордно високо ниво.

    На берзата во Токио, индексот Никеи ослабе 0,15 проценти, а цените на акциите во Шангај благо паднаа. Во Австралија, Хонг Конг, Сингапур и Јужна Кореја, берзанските индекси пораснаа помеѓу 0,4 и 0,5 проценти.

    Поддршка за пазарите обезбедија вчерашните вести дека Обединетото Кралство стана првата земја во светот што ги одобри вакцините Pfizer и BioNTech против Корона Вакцината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично