ПОВЕЌЕ

    Азески: Бизнис без политика, а сите обединети околу бизнисот како кохезивен фактор

    Време зa читање: 3 минути

    Државата не смее да му се меша на бизнисот, односно секој мора да се занимава со своето, соодветно на функцијата што ја извршува. А, сите треба да се обединат околу бизнисот како единствен кохезивен фактор кој може да ја разбуди државата и да ја натера да излезе од нејзината конфорна зона, нагласи преседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во третото месечно обраќање што го организира СКСМ, овој пат на тема „Извоз, Извоз, Извоз!”. Притоа, укажа и на Декларацијата донесена лани, која е своевиден рамковен договор за економските реформи кои треба да се спроведат во наредните најмалку десет години. Потпишана е од МАНУ, од државните универзитети и бизнис асоцијациите, недостига уште потписот на политичките партии застапени во Парламентот.

    Извозот мора да стане врвен национален приоритет, алфа и омега на македонската економија, тврди Азески, кој одамна се залага за тоа. А, денес уште акцентираше дека „извозот мора да се дигне на пиедестал“.

    „Оваа економија без извоз не може да издржи. Доста е од поделби, да се обединиме околу бизнисот ако тој е единствениот кохезивен фактор за да излеземе од ситуацијата во која се наоѓаме. Да склучиме договор со државата за да се регулираат односите меѓу неа и приватниот сектор. Она што ни се случува со мешањето во работите, го уништува бизнисот“, смета првиот човек на Комората, додавајќи дека се што се прави е за ограничување на самостојноста на субјектите кои создаваат.

    Според него, за извозот мора да се обезбедат средства. Како пример посочи да се воведат посебни таблици за службените возила, кои се користат за недозволени активности.

    Ќе заштедите и тие пари ќе ги дадете за извоз. Пари ќе се заштедат и со укинување на сите управни одбори во државните претпријатија, државни органи, заводи, институции, агенции кои во моментов се 1.320 институции со 129.000 врабтени, наместо политика да се направи економска дипломатија“.

    Се обрати и до европските лидери кои, вели, ни наметнуваат решенија. „Јасно да им порачаме, ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат“, категоричен е Азески.

    Тој констатира дека постои голема поларизација меѓу власта и опозицијата, како и дека земјава од 2006 година е во континуирана кампања што многу лошо и се одразува врз бизнисот.

    За Азески приоритет е да се смени менталитетот и да се свати дека проблемите мора да ги решаваме сами, без да доаѓа некој од страна „да ни ја крои судбината“.

    Сето ова се одразува врз системот. Затоа, сите овие работи мора да се надминат доколку „сакаме раст на извозот како краен производ, кој ќе ни овозможи повисок стандард и вклучување во евроинтеграциите“, дециден е Азески.

    На месечното обраќање присуствуваа бизнисмени, но и академикот Гоце Петрески, професорот од Економски факултет – Штип и претседател на Клубот на извозници во рамките на СКСМ, Дарко Лазаров, професорот на University College London UCL, Славо Радошевиќ, претседателот на Белгиската стопанска комора, Оливер Вилокс, извршниот директор на Тиквеш АД – Кавадарци и потпретседател на Клубот на извозници при Комората, Радош Вуќикевиќ, како и генералниот директор на компанијата „Актива” Штип, Иле Николов.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично