ПОВЕЌЕ

    „Алибаба“ во преговори за нови инвестиици од 3 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Алибаба Груп Холдинг“ е во преговоди за инвестирање на 3 милијарди долари во најголемата фирма за достава во југоисточна Азија „Граб Холдинг Инц“, објави „Блумберг“.

    Кинескиот конгломерат ќе биде единствениот инвеститор во кругот на финансирање и ќе потроши дел од средствата за да добие дел од акциите на „Граб“ што ги поседува „Убер Технологии Инц“ се додава во извештајот.

    „Убер“, која ги предаде своите операции во Југоисточна Азија на „Граб“ во март 2018 година, зеде 27,5 проценти од акциите во бизнисот на „Граб“.

    „Граб“ се проценува на 14 милијарди долари и своето делување го прошири во доменот на финансиски услуги, испорака на храна и плаќања преку мобилен телефон во последните неколку години.

    Во јуни, „Граб“ објави 5% намалување на бројот на вработените бидејќи ги намали трошоците во услови на побавен раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично