ПОВЕЌЕ

    Акција за цртање на Кроациа осигурување Живот повод денот на осигурување

    Време зa читање: 3 минути

    Во рамките на месец Ноември, а по повод 01-ви Ноември ден на осигурувањето, Кроациа осигурување Живот организира акција за цртање на тема „Осигурување и штедење со Коко” – маскота која е заштитен лик на Детското штедно осигурување.

    Целта на овие активности е да се поттикнат дечињата да размислуваат за осигурување и штедење и да ги споделат своите идеи и креативни творби.

    Акцијата на собирање на цртежите ќе трае од 1.11 до 31.11.2019 година

    КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

    Овие активности се наменети за сите дечиња осигуреници на Кроациа осигурување Животдеца кои се осигуреници по основ на производот детско штедно осигурување.

    ДОСТАВУВАЊЕ НА ЦРТЕЖОТ

    Цртежите може да се состават на еден од следните начини:

    • Испраќање на цртежот по маил на [email protected]
    • Преку пошта на адреса: ул.Костурски Херои бр.38 1000 Скопје
    • Во експозитурата на Croatia осигурување Живот позади Универзална сала на ул.Костурски Херои бр.38 1000 Скопје

    • Име и презиме на родител/старател
    • Изјава дека родителот е запознаен со правилата за учество во оваа акција
    • Согласност од родителот за учество на малолетникот во акцијата
    • Согласност за обработка на личните податоци на малолетникот за потребите на акцијата.

    Творбите пристигнати на еден од трите начини  ќе ги разгледа Комисијата за  избор на најкретивна творба и ќе одбере три кои ќе бидат наградени.Наградените творби ќе се објават на веб страната на Croatia осигурување Живот и на ФБ страната најдоцна до 31.12.2019 година и дополнително ќе бидат контактирани од стана на  Croatia осигурување Живот.

    Наградите ќе бидат личен бенефит за децата, затоа една од наградите е ваучер за велосипед.

    Критериуми за избор на најкреативна творба:

    • Цртежот да е на тема „Осигурување и штедење со Коко”
    • Може  да учествуваат деца кои се осигуреници по основ на производот детско штедно осигурување
    • Задолжително да се наведени сите податоци за детето и задолжителна согласност од родител/стрател
    • Доставениот цртеж да е оргинален и да не ги крши авторските права или други права во сопственост на трети лица.
    • Цртежите кои ќе се достават по 30.11.2019 година нема да бидат дел од изборот за најкреативна творба.

    Croatia осигурување Живот нема да ги земе во предвид творбите кои се со недолична, насилна, дискриминирачка содржина, и доколку доставените податоци се нецелосни и неточни и  нема согласност од родител/старател.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично