ПОВЕЌЕ

    Дивидендна историја на акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемата македонска банка има извонредни резултати во првите три месеци годинава, покажува објавениот финансискиот извештај. „Комерцијална банка“ успеа за првите три месеци годинава да оствари добивка од 8,5 милиони евра што е за 45 отсто подобар резлтат од истиот период лани.

    ИСТОРИЈА НА ДИВИДЕНДА ПО АКЦИЈА

    Во продолжение е историјата за износот на бруто дивиденда по акција (која се исплатува од добивката што била остварена во претходната година).

    ГодинаОбични бруто | МКДПриоритетни бруто | МКД
    2021620-
    2020600-
    2019550-
    2018420-
    2017180-
    2016150
    2015125-
    2014--
    2013--
    2012100-
    2011200-
    2010*200-
    2009170114
    200819099
    200719095
    200616592
    200515095
    2004*9696
    200375108,00
    *Комерцијална банка АД Скопје, заради усогласување со Законот за трговски друштва, во согласност со Одлуката за измени на Статутот на Банката донесена на Собранието на акционери на 22.03.2005 година, изврши поделба на акциите во сооднос 1:5, пришто секоја обична акција со номинална вредност од 5.000,00 МКД беше поделена на 5 обични акции со поединечна номинална вредност од 1.000,00 МКД. Погоре наведената дивиденда за периодот 2001-2004 година е прилагодена и прикажана како дивиденда по акција после извршената поделба.

     

    **Во согласност со Одлуката за конверзија број 02-1600-13299/24.03.2010 година, донесена на 23-тата редовна седница на Собранието на Банката одржана на 24.03.2010 година, Банката на 05.05.2010 година изврши конверзија на сите приоритетни акции во обични акции со право на глас издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично