ПОВЕЌЕ

    Дрекслмајер со нова инвестиција, државата го ослодбоди од даноци за 10 години

    Време зa читање: 4 минути

    „Ова значи, дека од септември 2020, вкупно 53 инвестициски проекти, со поддршка на државата се во тек, со вкупна вредност од 95,7 милиони евра и отвораат околу 2.000 работни места за граѓаните“, нагласи Битиќи.

    Вицепремиерот се осврна на мерките за поддршка кои се наведени во договорот со Дрекслмајер.

    „Компанијата ќе добие поддршка во форма на ослободување од данок на личен доход за новите вработувања во компанијата, односно за оние кои ќе бидат дел од овој проект, за период до 10 години, како и ослободување од данокот на добивка кој се однесува на новиот инвестицискиот проект, за период од 10 години. Исто така ќе се изврши исплата кон Дрекслмајер во форма на готовински грант во износ од 10% од износот на оправданите инвестициски трошоци, но не повеќе од 1.000.000 евра, на годишно ниво, за максимум пет години, како и исплата  форма на готовински грант во износ од 2.000 (две илјади) евра, по вработен, за креирање на нови работни места, а особено е важно што оваа поддршка се однесува за оние работни места, за кои континуирано се исплаќа месечна нето плата повисока за најмалку 50% од висината на минималната нето плата пропишана со Законот за минимална плата на Република Северна Македонија“, потенцираше вицепремиерот.

    Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

    „Ова особено го потенцирам за Куманово, град кој припаѓа во Североисточниот плански регион, регион којшто има втор најмал бруто домашен производ по жител и најмалку учествува во создавањето на вкупниот Бруто домашен производ. Верувам дека гигант како Дрекслмајер ќе помогне оваа слика да се промени и во економска смисла да го раздвижи Куманово, кој е навистина на атрактивна локација, на спојот помеѓу двата паневропски коридори 8 и 10, но и целиот регион“, додаде вицепремиерот Битиќи.

    Управителите на Дрекслмајер, Јозеф Кауфман и Лукас Мирингер, ја истакнаа добрата соработка со Владата на Република Северна Македонија, а се заблагодарија и на нивните меѓународни партнери Дајмлер (Daimler) и БМВ (BMW), која придонесе за реализација на новата инвестиција. Воедно тие изразија задоволство од соработката што ја имаат со домашните компании, при што истакнаа дека Дрекслмајер соработува со околу 700 компании во Република Северна Македонија. Во Куманово и Кавадарци ќе се инвестира двоцифрен милионски износ во новите производствени компании и ќе се отворат преку 1000 работни места, соопштија Кауфман и Мирингер.

    Компанијата Дрекслмајер е светски познат бренд во автомобилската индустрија, со главна дејност производство на кабелски сетови (комплетни електрични системи), а помеѓу нивните клиенти има многу кои припаѓаат на топ 100 автомобилски добавувачи, како што се Audi, BMW, Bugatti, Cadillac, Jaguar, Lamborghini, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, MINI, Porsche и Volkswagen. Оваа компанија е присутна во нашата земја од 2012 година и е еден од најголемите работодавачи во земјата.

    Со новата инвестиција се планира зголемување и проширување на производствените капацитети и опрема за потребите на проектот на Mercedez-Benz, E-Class во постоечкиот производствен погон во индустриската зона Телот во Кавадарци и зголемување на производствените капацитети со нов производствен погон и опрема во Куманово за потребите на нивните клиенти Mercedez-Benz и BMW за  проектите E-Class, G-Class и BMW CLAR WE.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично