Светските цени на нафтата паѓаат по ненадејниот пораст на залихите на сурова нафта во САД.
Американскиот институт за нафта (АПИ) објави дека залихите на сурова нафта се зголемија за еден милион барели. Аналитичарите најавија пад од 5,2 милиони барели.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта беше пониска за 56 центи или 0,9 проценти и сега е 61,11 американски долари за барел.
Во Лондон цената на суровата нафта „Брент“ од Северното Море падна за 35 центи или 0,5 проценти и изнесува 65,02 долари за барел.
Пазарниот аналитичар Ванг Тао наведува дека Брент може повторно да порасне помеѓу 66,45 или 66,97 долари за барел.