Почнаа да се доставуваат кредитни барања за Ковид 3

Време зa читање: < 1 минутa
Од вчера на полноќ почнаа да се доставуваат кредитни барања за Ковид 3
Поднесувањето на кредитни барања ќе трае 15 дена, заклучно со 30 декември 2020 год до 23:59 часот.
Аплицирањето се прави исклучиво електронски на е-маил адресата kreditiranjecovid3@mbdp.com.mk
Секој апликант при достава на кредитното барање во Subject на е-маил пораката треба да го внесе името на компанијата, градот и формата (ДОО, ДООЕЛ, ТП, занаетчија и др.) со латинични букви.
За потврда дека е-маил апликацијата е пристигната во РБСМ, апликантите треба да добијат автоматска порака како одговор од kreditiranjecovid3@mbdp.com.mk.
14,794Следи нè на facebookЛајк

слично