Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека јунските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со јунските пензии клиентите ќе можат да располагаат од 26.06.2020 (петок), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 26.06.2020 (петок)
- 001-14.000 денари на 29.06.2020 (понеделник)
- 001-18.000 денари на 30.06.2020 (вторник)
- Над 18.001 денари на 01.07.2020 (среда)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Од банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и препорачуваме носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м, се вели во соопштението на банката.