Во Германија, 7,3 милиони луѓе работеле со скратено работно време во мај, според економскиот институт ИФО.
„Оваа бројка никогаш не била поголема. За време на глобалната финансиска криза, бројот на работници со скратено работно време достигна врв во мај 2009 година, кога беа погодени нешто помалку од 1,5 милион луѓе“, рече експертот за пазарот на трудот Себастијан Линк, наведува институтот ИФО во соопштението доставено до „Танјуг“.
За време на кризата со коронавирусот, германските компании најавија дека ќе воведат скратено работно време за 10,1 милиони вработени, а според ИФО, тие тоа го примениле во 71,6 проценти од случаите во однос на најавениот број.
За разлика од глобалната финансиска криза, кога над 80 проценти од вработените со скратено работно време беа од германскиот производствен сектор, во моментот на кризата со коронавирусот, оваа опција за работни односи се применуваше речиси во сите економски области, се вели во соопштението на институтот ИФО.
Архива – МРАЧНИ ПРЕДВИДУВАЊА-ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО ШОК
Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија, –> [ топ 100 најголеми ]