ПОВЕЌЕ

    За спас на германската економија – 156 милијарди евра ново задолжување

    Време зa читање: 2 минути

    Германската Влада денеска донесе одлука да усвои пакет мерки за помош на економијата и зачувување на работните места, за што е предвидено ново задолжување од околу 156 милијарди евра.

    На владината седница, со која претседаваше канцеларката Ангела Меркел, која е во изолација па присуствуваше телефонски, беа донесени мерки за поддршка на семејствата, потстанарите, вработените, претприемачите, но и фирмите погодени од мерките против епидемијата на коронавирус.

    После шест години без задолжување, германската Влада со измени во буџетот сега предвидува задолжување, поради што Бундестагот во текот на оваа недела мора да ја стави вон сила, т.н. „сопирачка за задолжување“.

    Според усвоениот пакет мерки за помош, малите фирми, фирми со само еден вработен, ќе добиваат директна помош до 15.000 евра во текот на три месеци.

    Преку Фондот за стабилизација треба да се зајакнат големите фирми со дополнителен капитал, а државата, доколку е потребно, може да преземе удел во компаниите.

    Исто така, денеска почнува неограничена вонредна програма за давање кредити преку Банката за развој  KfW.

    Покрај тоа, изнајмувачите на станови веќе не можат да им откажуваат на станарите кои не се во состојба да платат кирија поради кризата предизвикана од коронавирусот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично