„Фајнанс тинк“: Најлошо е, ако се доцни со фискалните мерки

Време зa читање: 2 минути

 

Според неа, најлошо е ако се задоцни со мерките и затоа предлага во подготовка на планот за фискални мерки да се користат два пристапа.

– Да се погледне колку пари се на располагање и од кои извори, а потоа да се дизајнира пакет мерки во рамки на можностите или да се тргне од мерки кои ќе имаат најголем импакт, па да се направи приоритизирање – вели Петрески.

– Да се замрзнат сите непродуктивни трошења (набавки на мебел, автомобили и други стоки), да се искористат средствата што се на сметка во НБРМ и покрај законските ограничувања поради техничката влада, да се има план за пренамена на средства: во рамки на едно министерство и помеѓу министерствач намена по програми (пример пренамена на средства за иновации во ликвидносни пакети за компании). Во крајна линија да се посегне по задолжување (план од каде и колку) – додава таа.

Институтот со кој раководи Петрески предлага да се види какви фискалните мерки презедоа другите земји за справување со економските последици од корона вирусот.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично