Како што наближува крајот на годината, голем број луѓе веќе ги планираат потенцијалните инвестиции за новата 2020 година. Најпосакувани за многумина се недвижнините, но одбирањето на вистинскиот стан или дом треба да биде многу внимателен процес, бидејќи се работи за долгорочна и скапа инвестиција. Токму „Diamond of Skopje“, чија изградба е во тек, нуди сигурно и паметно решение за оние кои сакаат да инвестираат во својот иден дом.
Како и секој друга инвестиција, купувањето на стан не е без ризик. Затоа, пред да донесете конечна одлука, многу е важно добро да размислите во кој објект ќе ги инвестирате вашите пари. Во продолжение ви презентираме 7 причини зошто токму Diamond of Skopje, може да биде вашата идеална долгорочна инвестиција.
Одлична локација
Централното градско подрачје на Скопје е најдобрата локација за инвестирање во недвижен имот. Тука можете да ги најдете сите поволности за водење на квалитетен и модерен живот, а да не стравувате дека цените на становите ќе се намалат. Имено, ретроспективно гледано, вредноста на становите во овој регион е во постојан пораст и тоа е особено важно доколку во иднина планирате да го изнајмите некому или продадете вашиот стан.
Комплексот Diamond of Skopje ќе се наоѓа во срцето на градот во непосредна близина на старата железничка станица во близина на повеќе банки, училишта, градинки, болница, јавен превоз, спортски сали и владини институции, а ќе биде оддалечен на само неколку минути од градскиот плоштад. Сите овие удобности придонесуваат за зголемување на квалитетот на живот, заштеда на време и пари.
Најдобар поглед
Овој комплекс нуди станови со неверојатен поглед кон масивот на планината Водно, како и кон урбаното градско јадро. Поглед кој ни во иднина не може да биде загрозен.
Генерално, луѓето повеќе ги преферираат становите кои се наоѓаат на повисоките катови отколку тие кои се наоѓаат на подолните. Пред се, тоа е така поради тоа што становите кои се наоѓаат на повисоките катови нудат значително подобар поглед. Исто така, тука важи и правилото “колку повисоко се наоѓа станот толку е подобар протокот на воздух и има подобра сончева светлина”. Сите овие работи придонесуваат цените на становите на погорните катови да бидат повисоки.
Зелени површини
Овој објект ќе изобилува со зелени површини кои ќе бидат со големина од 11,000 м2, што колку за споредба е помалку само од Скопскиот градски парк кој е со големина од 16,000 м2.
Тие ја поттикнуваат креативноста, даваат релаксирачко чуство и се одлично “засолниште” од градската бучава. Во проектот Diamond of Skopje голем акцент се става на концептот Green Ecology во сите сегменти од комплексот. Заедно со детските игралишта, зелените површини во овој проект ќе обезбедат природна перспектива вметната во елегантната урбана композиција.
Еко-градба
Комплексот Diamond of Skopje се гради според највисоките градежни стандарди, со еко-материјали, кои гарантираат енергетска ефикасност на објектот. Тоа обезбедува три работи: намалена потрошувачката на енергија, зголемена заштеда на пари и придонес кон заштитата на животната средина.
Паркинг за вашиот автомобил
Луѓето сакаат да бидат во можност да ги паркираат своите автомобили во близина на своите станови, а не на голема оддалеченост, мачејќи се да најдат слободно паркинг место. Во случајот на Diamond of Skopje, ваквите грижи ќе бидат минато бидејки во рамките на самиот комплекс се планирани околу 3,200 места за паркирање, што само по себе претставува импозантен факт.
Издржливост од земјотреси
Лимак уште од самата фаза на дизајнирање на проектот работи со најдобрите градежни инженери од Турција, како и со институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од Скопје, се со цел да се применат и спроведат сите сеизмички, структурни и архитектонски стандарди на Македонија, при што жителите на Diamond Skopje би живееле безбедно од поголеми земјотреси во иднина.
Репутацијата на инвеститорот
Добро истражување за инвеститорот е задолжително! Новиот аеродром во Истанбул, најдолгиот висечки мост во светот: 1915 Çanakkale, автопатот Malkara-Çanakkal и Кувајтскиот интернационален аеродром се неколку од последните мега проекти кои го гарантираат квалитетот на Лимак. Лимак е рангирана на 67-то место на градежни компании во светот според листата на Engineering News-Record, која ги поставува стандардите во градежната индустрија. Подетални информации за проектите на светски реномираната компанија може да најдете на следниот линк.