Исчезна и последниот леден дел од истоимениот ледник под врвот Триглав, на Јулијските Алпи, највисокиот врв во Словенија, Фотографиите од падината, направени пред и по снежните врнежи овој месец, потврдуваат дека таму повеќе нема мраз, пренесува „Гардијан“.
Кон крајот на летото, главниот преостанат дел од ледникот имал димензии од само неколку метри. Во текот на изминатите пет години, мразот се стопил, оставајќи неколку изолирани делови. Овој период ги опфати и трите најтопли години во Европа откако се води евиденција.
Некогаш моќната ледена маса изгубила 93% од својата површина помеѓу 1983 и 2003 година, сведувајќи се на помалку од еден хектар прегреани карпи. Сепак, ледникот ги изненади истражувачите – кои стравуваа од неговото неизбежно исчезнување – задржувајќи се на планината уште две децении.
Во последните пет години, кои ги вклучуваат трите најтопли години во Европа досега, преостанатиот мраз се стопил во неколку изолирани делови, при што последниот остаток од главната маса кон крајот на летото имал димензии од само неколку метри. Новите фотографии од планинската падина – направени пред и по снежните врнежи овој месец – потврдуваат дека таму повеќе нема мраз.
Според историските фотографии и документи, ледникот Триглав во средината на 19 век зафаќал површина од околу 40 хектари. До 1946 година, кога научниците ги спровеле првите систематски мерења, неговата површина се намалила на 14 хектари.
Матија Зорн, директор на Географскиот институт „Антон Мелик“, кој првпат вршел мерења на ледникот во 2001 година, изјави дека брзината на топење го изненадила дури и во последните децении од постоењето на ледникот. Во 2002 година, истражувачите извадиле ледено јадро длабоко околу пет метри, но веќе следната година на истото место имало само карпа.
Според Зорн, Триглав зазема централно место во словенечкиот национален идентитет, а исчезнувањето на ледникот значи губење на важен извор на податоци и показател за климатските промени. Триглав е прикажан на знамето на Словенија, а искачувањето на врвот се смета за значаен дел од културниот живот на земјата.
Како што се повлекувал ледникот, се откриле нови вертикални јами, а научниците пронашле мраз во пештерите под Триглав. Уште еден ледник, на планината Скута, исто така се намалил и истенчил, но неговиот остаток е подобро заштитен од сонцето и, според проценките на истражувачите, би можел да опстане уште неколку години.
(Фото: Burger, Slika: Triglavski Ledenik, Sep 2002)
Аналитика








