ПОВЕЌЕ

    Победник на BIZBendovi 2026 е бендот The Cards на CaSys

    Време зa читање: 4 минути

    Вечер исполнета со музика, енергија и одлична атмосфера го одбележа првото издание на BIZBendovi, одржано во Скопје. Станува збор за уникатен натпревар на корпоративни бендови, кој веќе со години се одржува во Белград и од година во година докажува дека зад корпоративните титули се кријат луѓе со талент, страст и голема љубов кон музиката.

    По вечерта исполнета со познати музички хитови, победничката титула на BIZBendovi 2026 ја освои The Cards, бенд составен од членови на тимот на CaSys, на кои на музичката сцена им се придружи и директорката за продажба во Diners Club International, генералниот спонзор на настанот.

    Кога рефлекторите ќе ги заменат канцелариските светла

    BIZBendovi не е само музички натпревар, туку и простор во кој вработените излегуваат од вообичаените деловни рамки и го покажуваат своето друго лице. Лицето на гитаристи, вокалисти, тапанари и клавијатуристи, кои преку ден раководат со проекти, состаноци и тимови, а навечер ја освојуваат сцената со сигурни гитарски рифови и емоции преточени во песна.

    Годинешното издание собра корпоративни бендови кои ѝ покажаа на публиката дека креативноста не завршува со крајот на работното време. Напротив, токму тогаш ја добива својата најавтентична форма.

    Жирито немаше нималку лесна задача, а за изборот на победникот одлучуваа: Јана Шуплевска Малевска – виолончелист во Македонска Филхармонија, Димитар Сеизов – Дики, продуцент, режисер и косопственик на филмската продукција Moonlight Production од Скопје и Милица Величковиќ претставник од Represent Communications Србија.

    Вечерта започна со настапот на бендот The Cards, кој ги изведе песните „Сите мои слики“ од Ареа, „Чудесен свет“ од Архангел и светскиот хит „To the Moon and Back“ од Savage Garden.

    Потоа се претстави бендот Трет пубертет на компанијата People Media со песните „Pored mene” од EKV, „Ravno do dna” од Азра и „Yé ké yé ké” од Mory Kanté.

    Победникот на вечерта

    Бендот The Cards ја освои победничката титула со енергичен настап, одлична тимска усогласеност и репертоар што ја раздвижи публиката. Со изведбите на „Сите мои слики“ од Ареа, „Чудесен свет“ од Архангел и светскиот хит „To the Moon and Back“ од Savage Garden, бендот донесе спој на домашен рок и меѓународен поп-рок звук. Нивната сценска енергија и музичка изведба го освоија жирито, кое ги прогласи за победници на првото издание на BIZBendovi во Скопје.

    Повеќе од натпревар

    Со првото издание во Скопје, BIZBendovi ја донесе пред македонската публика атмосферата што со години ги собира бизнис-заедницата и љубителите на музиката во Белград. Настанот покажа дека зад деловните титули и секојдневните обврски стојат луѓе со различни таленти и заедничка љубов кон музиката. За една вечер, колегите и деловните партнери ги заменија вообичаените работни улоги со инструменти и микрофони, а сцената стана место за дружење, забава и нови пријателства.

    Со силна поддршка од публиката, одлична организација и хуманитарната димензија што го придружува овој настан, уште едно издание на BIZBendovi заврши со насмевки, аплаузи и ветување дека музиката и следната година ќе ги спои бизнисот и страста на истата сцена.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично