ПОВЕЌЕ

    ДАЛИ ПРОМЕНАТА НА ВЛАСТА ВО УНГАРИЈА ЌЕ ЈА ЗАКОЧИ БРЗАТА ПРУГА?

    Време зa читање: 2 минути

    Брзата железница треба да ја поврзе Македонија со пазарите во Централна Европа, но што ако политичките промени во Унгарија ги сменат приоритетите во Будимпешта? Може ли проектот да заглави на север, без оглед на тоа што ќе изградиме дома? Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека не очекува таква блокада. Како аргументи ги наведува економскиот интерес на Унгарија, договорот за стратешко партнерство и улогата на актуелниот унгарски министер во подготовката на стратегијата за брзата пруга.

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS

    ГОРАН ТЕМЕНУГОВ: Дали може да се очекува дека овој проект ќе биде закочен од Унгарија, бидејќи без Унгарија како да ќе се поврземе само до Србија?

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Не, од три причини. Прво, ова е од стратешки и економски интерес на Унгарија… Ние имаме договор за стратешко партнерство со Унгарија, што никој го нема оспорено. И третата е и помалце лична, актуелниот министер за транспорт беше државен секретар и автор на стратегијата за брза пруга, така што не очекувам дека тој ќе оди сам против себе.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично