ПОВЕЌЕ

    Од кредити до осигурување на побарувања – Развојната банка ги претстави можностите за компаниите од Пелагонија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Полесен пристап до финансии, подобра ликвидност и заштита од ненаплатени побарувања – ова се дел од можностите што Развојната банка на Северна Македонија им ги претстави на компаниите од Пелагонискиот регион, на средба одржана во Битола.

    Пред бизнис-заедницата беа презентирани кредитните линии за инвестиции и обртни средства, факторингот, гаранциите и Гарантниот фонд, како и осигурувањето на домашните и извозните побарувања.

    Меѓу претставените услуги беше и новата дигитална платформа E-Insurance, наменета за кредитното осигурување, кое им овозможува на компаниите да го намалат ризикот од ненаплата.

    На средбата, претставниците на компаниите имаа можност директно да се информираат за достапните финансиски инструменти и да добијат одговори на прашањата поврзани со нивното користење.

    Од Развојната банка најавуваат продолжување на ваквите активности низ државата, со цел финансиските производи и услуги да им бидат подостапни на домашните компании и да придонесат за нивната конкурентност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично