ПОВЕЌЕ

    Sorsix® за прв пат на EUSOBI: македонска технологија за скрининг на рак на дојка пред европските експерти

    Време зa читање: 4 минути

    Македонската компанија Sorsix® го претставува своето водечко решение Pinga® Screening, наменето за целосни програми за скрининг на рак на дојка, на годишниот конгрес на Европското здружение за скрининг на дојка во Мастрихт, Холандија.

    Октомври е светскиот месец за подигање на свеста за ракот на дојка. Во првите три дена од месецот, холандскиот град Мастрихт е домаќин на EUSOBI 2026, годишниот научен собир на Европското здружение за скрининг на дојка (European Society of Breast Imaging).

    На овој собир радиолозите, истражувачите и индустријата ги споделуваат најновите насоки, техники и научни докази за рано откривање и дијагностика на ракот на дојка. Минатогодишното издание во Абердин, Шкотска, собра над 1.500 учесници од 72 земји, од кои повеќе од 900 радиолози.

    Годинава меѓу излагачите е и нашата компанија Sorsix® која се најде на листата индустриски партнери на EUSOBI, рамо до рамо со светски компании за медицинска технологија како Siemens Healthineers, Philips, GE HealthCare, Hologic и Canon. На штандот M01 во конгресниот центар MECC, тимот на Sorsix® ја претставува Pinga® Screening.

    На свеченото отворање, Sorsix® беше претставена меѓу индустриските партнери на EUSOBI 2026.

    Патот на пациентот во еден современ систем за скрининг на рак на дојка

    Pinga® Screening е изградена да поддржува целосни програми за скрининг на рак на дојка. Таа го поврзува целиот пат на пациентката: тријажа и покана за скрининг, онлајн закажување, мамографско снимање, дополнителни испитувања, мултидисциплинарни конзилиуми и следење.

    Радиолозите, радиолошките технолози и координаторите на програмата работат во една платформа која ги обединува радиолошкиот информациски систем и архивата на медицински слики (RIS/PACS). Наместо секој чекор да се води во посебен систем, сите информации за пациентите се на едно место.

    „Скринингот спасува животи само кога ниту една жена не се губи на патот од поканата до резултатот. Затоа Pinga® Screening ја градиме како еден поврзан систем, од првата покана до последната контрола. Во Мастрихт сме за да слушнеме со какви предизвици секојдневно се соочуваат тимовите за скрининг на дојка низ Европа и да ги споделиме нашите искуства од петте континенти на кои работиме“, изјави Далибор Фртуниќ, генерален извршен директор на Sorsix®.

    Штандот на Pinga® Screening во изложбениот простор на конгресниот центар MECC.

    Од национален скрининг во Нов Зеланд до Европа

    Решението веќе работи на национално ниво. Te Puna, националната платформа за скрининг на рак на дојка во Нов Зеланд, изградена на Pinga®, ја користат над 650 здравствени работници во програмата BreastScreen Aotearoa, во фиксни и мобилни единици за мамографија низ целата земја. Te Puna го замени претходниот национален систем на програмата.

    Пошироко, Pinga® денес поддржува здравствени процеси за над 10 милиони пациенти во повеќе од 330 клинички центри на пет континенти.

    Вештачка интелигенција, но со јасни правила

    Вештачката интелигенција е една од централните теми на годинешниот конгрес. Во програмата има сесии за вештачката интелигенција како втор читач на мамографиите во скринингот, за проценка на ризикот со помош на алгоритми и за регулативата и надзорот на вештачката интелигенција во клиничката радиологија.

    Ова е област во која Sorsix® веќе има меѓународна потврда. Како што неодамна пишуваше pari.com.mk, компанијата е првата во Македонија сертифицирана според ISO/IEC 42001, меѓународниот стандард за системи за управување со вештачка интелигенција, што независно го потврди SGS. Стандардот поставува јасни барања за одговорност, транспарентност и управување со ризиците, што е клучно кога алгоритмите почнуваат да учествуваат во одлуките за здравјето на пациентите.

    Pinga® Screening е дел од пошироката приказна на Sorsix®. Компанијата повеќе од една деценија ги развива и одржува „Мој Термин“ и „Мое здравје“, националниот здравствен систем и пациентскиот портал кои секојдневно ги користат граѓаните на Македонија.

    Од тие домашни системи до националниот скрининг во Нов Зеланд и европската сцена во Мастрихт, Sorsix® покажува дека македонското инженерско знаење може да придонесе за раното откривање на ракот на дојка и надвор од границите на земјата.

    Пораката на штандот M01 е кратка: „Едно решение за грижа за дојката. Сè поврзано.“

    Посетители на штандот на Sorsix® во првиот ден од конгресот.

    Фото: Sorsix®

    ПР Објава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично