ПОВЕЌЕ

    Од „Мој Термин“ до глобални стандарди: Sorsix прва во Македонија со ISO/IEC 42001

    Време зa читање: 3 минути

    Македонската компанија што ги развива и одржува „Мој Термин“ и „Мое здравје“ е првата сертифицирана во земјава и првата во Европа со национален здравствен систем во продукција што го исполнува глобалниот стандард за управување со вештачка интелигенција.

    Секој граѓанин што закажал преглед преку „Мој Термин“ или пристапил до своите здравствени информации преку „Мое здравје“ веќе користел технологија развиена во Македонија.

    Оваа македонска приказна неодамна беше тема на 623-та епизода на австралискиот поткаст Talking HealthTech. Во разговор со водителот Питер Бирч, извршниот директор на Sorsix, Далибор Фртуниќ, зборуваше за дигитализацијата на здравството на национално ниво, поврзувањето на здравствените системи и безбедната примена на вештачката интелигенција.

    Први во Македонија со ISO/IEC 42001

    Sorsix е првата компанија во Македонија сертифицирана според ISO/IEC 42001 и првата во Европа со национален здравствен систем во продукција што го исполнува овој стандард. Достигнувањето е независно потврдено од меѓународната сертификациска куќа SGS.

    ISO/IEC 42001 е првиот меѓународен стандард за системи за управување со вештачка интелигенција. Тој поставува јасни барања за одговорност, транспарентност, управување со ризиците, заштита на податоците и постојано следење на начинот на кој се развива и применува вештачката интелигенција.

    „Вештачката интелигенција мора многу внимателно да се контролира во здравството. Нејзината вредност е во тоа што може да ги забрза процесите и да заштеди време, но тоа никогаш не смее да биде на сметка на безбедноста“, истакнува Фртуниќ.

    Македонска технологија во секојдневното здравство

    Повеќе од една деценија Sorsix ги развива и одржува националниот здравствен систем „Мој Термин“ и пациентскиот портал „Мое здравје“.

    „Мој Термин“ ги поврзува примарното, секундарното и терцијарното здравство и поддржува закажување прегледи, електронски здравствени досиеја, упати, рецепти, извештаи и национални регистри. Преку „Мое здравје“, граѓаните имаат директен пристап до сопствените здравствени информации.

    Pinga® на пет континенти

    Покрај националните решенија во Македонија, Sorsix ја развива Pinga®, сопствен софтверски производ – здравствен оперативен систем кој се користи во здравствени организации на пет континенти, од приватни клиники и болници до здравствени мрежи и национални системи.

    Pinga® поддржува здравствени процеси за над 10 милиони пациенти во повеќе од 330 клинички центри, со над 75.000 корисници дневно.

    Меѓу нејзините примени е и Te Puna, националната платформа за скрининг за рак на дојка во Нов Зеланд, која помага подобро да се идентификуваат и вклучат жените што ги исполнуваат условите за скрининг.

    Македонска иновација со светско влијание

    Од технологија што секојдневно ја користат македонските граѓани до решенија применети во здравствени организации на пет континенти, Sorsix ја претвора домашната инженерска експертиза во технологија која влијае врз здравствената грижа за милиони луѓе.

    Со национални системи во реална употреба, глобални имплементации на Pinga® и пионерска примена на ISO/IEC 42001, Sorsix денес е меѓу водечките компании во дигиталното здравство и ја позиционира Македонија како извор на технологија со светско влијание.

    Прочитајте повеќе:

    https://sorsix-web.sorsix.com/news/dalibor-frtunik-talking-healthtech-future-digital-care

    Погледнете го интервјуто:

    https://www.talkinghealthtech.com/podcast/623-digitising-healthcare-at-scale-safe-ai-smarter-workflows-a nd-the-future-of-care

    Комерцијална објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично