ПОВЕЌЕ

    Без берзанска зделка, 4.143 акции добиле нови сопственици

    Време зa читање: 2 минути

    Без ниту една берзанска трансакција, минатата недела 4.143 акции добиле нови сопственици преку нетрговски трансфери. Дури 3.786 акции, или над 91 отсто од вкупниот број, се издадени од само шест компании. Седмичната статистика покажува 18 нетрговски трансфери со обични акции на 15 друштва.

    Со бројноста на преносот доминира Либерти АД Скопјерегистрирани се 988 обични акции. Берзанските податоци кажуваат: просечната цена е 6 денари за акција, во изминатите 52 недели се регистрирани 11 тргувања, а последното било на 4 август.

    Сопственоста е сменета и кај 950 акции на Фруктал МАК. Со акциите на друштвото воопшто не се тргувало во последните 52 недели, па Берзата во актуелните податоци не прикажува просечна цена. Последното претходно евидентирано тргување било во август 2025 година по 100 денари за акција.

    На АрцелорМиттал (ХРМ) се 593 обични акции. Друштвото е долгорочно суспендирано од котација, а акцијата има просечна цена од 2 денари.

    Трансфер е направен и на 580 акции на Макстил. Имаат единечна просечна цена од 110 денари, која произлегува од тргувањето на 31 август.

    Во минатонеделните трансфери Алкалоид е застапен со 400 обични акции. Просечната цена за акција е 22.904,40 денари.

    Со знакот на Македонски Телеком се 275 обични акци, чија што просечна цена е заокружена на 500 денари.

    Седмичната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала и двојни трансфери реализирани во последните два работни дена: РЖ Економика – 25 и 29 обични акции; РЖ Техничка контрола 10 и 12 обични акции; и Уготур 28 и 33 обични акции.

    Останатите трансфери се реализирани со мали количини акции. Во статистиката се заведени 89 обични акции на Тетекс Тетово, 59 на скопски Гранит, 31 на РЖ Интер-Трансшпед, 19 на Ветекс Велес, 17 на Комерцијална банка и 5 обични акции на Макпетрол.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично