
Вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз финансиските пазари ќе бидат една од темите на 25. Годишна конференција на Македонска берза, која ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во Metropol Lake Resort.
На тема „AI и финансиските пазари“ ќе говори Филип Петровски, извршен директор на Data Masters.
Во фокусот на презентацијата ќе бидат прашањата како AI ќе ги промени пазарите на капитал, дали може да помогне во носењето финансиски одлуки и како да се инкорпорира во секојдневното работење.
Аналитика








