Како Алкалоид стана едно од најуспешните акционерски друштва во Македонија и компанија со една од најликвидните акции на домашниот пазар на капитал? Берзанската сторија на фармацевтската компанија ќе биде една од централните теми на јубилејната 25. Годишна конференција на Македонската берза.
На панел-дискусијата посветена на развојот на Алкалоид како јавно акционерско друштво ќе учествуваат генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев. Тие ќе разговараат за факторите што стојат зад долгорочниот успех на компанијата, нејзината позиција на домашниот пазар на капитал, како и за перспективите за понатамошен раст и развој.
Според организаторите, посетителите ќе имаат можност од прва рака да слушнат како се градела една од најуспешните берзански приказни во земјата, но и да добијат поширок увид во развојот и идните трендови на македонскиот пазар на капитал.
Јубилејната 25. Годишна конференција на Македонската берза ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во Metropol Lake Resort во Охрид.
„Не ја пропуштајте оваа можност, екслузивно на 25-та Годишна конференција на Македонска берза да добиете подетален увид во состојбите и развојните перспективи, како на една од најливидните компании на пазарот, така и пошироко“, порачуваат од Македонска берза.
Аналитика








