ВФП Пензиско Друштво е во сопственост на ВФП Фонд Менаџмент и на ЕУРОЛИНК. За промената во акционерската структура од друштвото информираа со објава на Македонска берза.
„Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП Пензиско Друштво АД Скопје известува дека има промена на акционерската структура, односно од 17.07.2026 година Еуролинк Осигурување АД Скопје стекна 49,9999 % од акциите на ВФП Пензиско друштво АД Скопје“.
Во сопственост на Еуролинк се 444.999 акции, кои ги стекна неодамна преку блок-транскација. Цената за акција беше 61,63 денари, а вредноста на целиот пакет 27,4 милиони денари или околу 446 илјади евра.
„Моменталната акционерска структура на Друштвото е: ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, со 445.001 обични акции од вкупно 890.000 обични акции, односно 50,0001 %; Еуролинк АД Скопје, со 444.999 обични акции од вкупно 890.000 обични акции, односно 49,9999 %“, посочуваат од друштвото кое работи само во делот на третиот – доброволен пензиски фонд.
Блок-трансакција го потврди влезот на Еуролинк во ВФП Пензиско друштво
Аналитика








