Шпаркасе Банка лансира нов иновативен производ на македонскиот пазар – Хипотекарен кредит за рефинансирање, наменет за сите клиенти што сакаат да ги обединат своите постојни кредитни обврски во едно поедноставно и поодржливо финансиско решение.
Новиот кредитен производ им овозможува на клиентите да ги консолидираат различните задолжувања, и тоа хипотекарни, станбени и потрошувачки кредити, кредитни картички и револвинг производи, во една месечна рата, со што добиваат подобра прегледност, полесно управување со личниот буџет и намален месечен финансиски притисок.
Клиентите можат да аплицираат за кредит до 400.000 евра, со рок на отплата до 20 години и фиксна каматна стапка од 4,5 % во првите 3 години. Одобрените средства се наменети за рефинансирање постојни обврски, при што 80 % од кредитот се користат за рефинансирање, а 20 % можат да се искористат за лични потреби.
Хипотекарниот кредит за рефинансирање нуди можност за:
- Една месечна рата наместо повеќе различни обврски
- Подобра контрола врз личниот буџет
- Намалување на месечниот финансиски товар
- Подолг период на отплата и поголема финансиска флексибилност
„Во Шпаркасе Банка постојано работиме на развој на решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите и им помагаат полесно да ги реализираат своите финансиски цели. Со Хипотекарниот кредит за рефинансирање, креираме можност клиентите да ги поедностават своите обврски, да добијат поголема контрола врз своите финансии и да планираат постабилна финансиска иднина“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Дополнителна флексибилност е можноста за избор на нестандардни рати, во согласност со финансиските можности и потреби на клиентите. Како дополнителна придобивка, клиентите што ќе го искористат новото решение добиваат и бесплатно месечно одржување на смарт-пакет до крајот на 2026 година.
Со лансирањето на Хипотекарниот кредит за рефинансирање, Шпаркасе Банка продолжува да креира модерни банкарски решенија, кои носат поголема едноставност, сигурност и поддршка во секојдневното финансиско управување.
Повеќе информации за понудата се достапни во експозитурите на Банката и на официјалната веб-страница www.sparkasse.mk
ПР Објава
Аналитика








