Акционерите на Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп ќе добијат дивиденда во бруто износ од 101 денар по акција. За оваа намена се издвоени 92,66 милиони денари, односно 1,5 милиони евра од акумулираната нераспределена добивка од претходните и од тековната година. Исплатата претставува 8,18 отсто од номиналната вредност на една акција. Одлуките се усвоени на Годишното собрание на друштвото.
Според утврдениот дивиденден календар, право на дивиденда ќе имаат акционерите влезени во евиденцијата заклучно со 26 јуни. Последен ден за тргување со право на дивиденда е 24 јуни, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 25 јуни.
Исплатата ќе започне на 20 јули и треба да заврши најдоцна до 30 септември, при што средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на акционерите.
Во одлука усвоена на Собранието се наведува и дека друштвото во 2025 година остварило добивка по оданочување од 43,32 милиони денари. Од тој износ, 14,44 милиони денари се распределени во резерви на сигурност, а 28,88 милиони денари остануваат како нераспределена добивка.
Аналитика








