ПОВЕЌЕ

    Оилко ќе исплати дивиденда од 600 денари за акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на Оилко КДА ќе добијат дивиденда во вкупен бруто износ од 141.543.000 денари односно 2,3 милиони евра. Согласно одлуките усвоенни од акционерското Собрание, пресметките ќе се прават по 600 денари за акција.

    Како што е утврдено, последен ден на тргување со право на дивиденда е 12 јуни. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 15 јуни. Датумот на пресек на акционерската книга е 16 јуни, а исплатата ќе биде извршена најдоцна до 30 септември.

    Од минатогодишното работење Оилко има заработка од 7,3 милиони евра. Освен за дивиденда, од добивката средства се издвоени и за други намени. Најголемиот дел, од речиси 4,5 милиони евра оди во посебни резерви за откуп на сопствени акции, додека за задолжителна општа резерва се определени 187,9 илјади евра.

    Дополнително, 282,9 илјади евра се предвидени за вработените, а 33,3 илјади евра за исплата на управителот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично