За успешната деловна 2025 година, НЛБ банка ќе ги награди акционерите со дивиденда во бруто износ од 2,19 милијарди денари или 35,7 милиони евра. Поделбата ќе се изврши по утврдените 2.571 денар за акција. За предлог-одлуката ќе се гласа на акционерското Собрание што ќе се одржи на 28 мај.
Според дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 9 јуни, а прв ден на тргување без тоа право е 10 јуни. Пресек на листата на акционери кои ќе добијат дел од добивката ќе се направи на 11 јуни, а исплатата ќе започне на 29 јуни.
НЛБ банка лани оствари добивка од 79,3 милиони евра.
НЛБ БАНКА СО ДОБИВКА ОД 79,3 МИЛИОНИ ЕВРА и раст на активата од 19,6 насто
Аналитика








