ПОВЕЌЕ

    Што покажуваат нефункционалните кредити?

    Време зa читање: 2 минути

    Нефункционалните кредити се важен индикатор за состојбата во економијата и стабилноста на финансискиот систем. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрикс Македонија, објаснува дека секундарниот пазар на побарувања им овозможува на банките и компаниите побрзо да се ослободат од лошите пласмани и повторно да се фокусираат на финансирање на економијата. Таа посочува дека управувањето со нефункционалните кредити е клучно за одржување на ликвидноста и стабилноста на финансискиот систем. Овој процес значи дека специјализирани компании работат на наплата на долговите, додека банките го ослободуваат капиталот за нови инвестиции. Прашањето за нефункционалните кредити е важно бидејќи директно влијае врз условите за кредитирање и економскиот раст.

    „Во секоја економија, не само кај нас, реалната бројка на нефункционални кредити не е онаа што е објавена согласно статистиките кои што ги пресметуваат централните банки. Тоа е така не само кај нас, и кај нас е така. Сигурно не 2,5%, затоа што нефункционалните кредити се гледаат и во она што кај нас го имаме, а тоа е вонбилансната евиденција на банките. Во европската регулатива тоа не постои, меѓутоа, пак затоа имаат категоризации и кај нас постојат категоризации на пласманите на кредитите. Особено сега со најновата методологија на Европската централна банка за категоризација на кредитите и сите прилагодувања што ги прават за да одговараат на кризите, дури препознавањето на нефункционалните кредити го водат многу понапред во животниот циклус на едно кредитно задолжување. Па затоа ќе кажам не е веќе колку се нефункционалните кредити како бројка, па ние да се соочиме како бројка, па да ги решаваме. Европските практики веќе одат кон тоа да ги препознаеме во моментот на случување, во моментот на настанување…“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично