
Македонската берза имаше силен раст во 2024 година и мала корекција во 2025, што повторно го отвори интересот за домашниот пазар на капитал. Прашањето е дали растот од пред две години може да се повтрои и во следниот период или ќе следи фаза на стабилизација. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Горан Марковски од КБ Инвест посочува дека приносите најверојатно ќе бидат поумерени, но и натаму позитивни. Очекувањата се дека резултатите на компаниите и дивидендите ќе продолжат да играат важна улога. И покрај помирниот период, принос од 10 до 15 проценти и понатаму може да се смета за солиден резултат.
„Ланската година значеше стабилизирање и поставување на одржливо ниво, кое што ќе биде почетна точка за ‘26. да продолжи некој континуитет во растот, и сметам дека доколку нема некој големи економски нарушувања предизвикани од актуелнава нафтена криза, сметам дека повторно треба да очекуваме раст на македонскиот пазар од 10 до 15%, комбиниран и од аспект на остварување на капитални добивки и од аспект на дивидендните приноси, кои што барем компаниите што го сочинуваат индексот, вообичаено ги исплаќаат во изминативе години.“
Аналитика








