ПОВЕЌЕ

    Алта банка вложува во вработените – нова програма за лидерство и трансформација

    Време зa читање: < 1 минутa

    Алта банка ќе го зајакнува својот тим преку инвестиции во деловниот развој на вработените. На тој начин ќе се работи на развој на нивните лидерски вештини, ќе се унапредува организациската култура, а поддршка ќе добијат процесите на трансформација. Сето тоа ќе се одвива во соработка со консултантот Драгана Николиќ од N&P Business Consulting GmbH.

    Алта банка ја започнува иницијативата „водена од својата посветеност кон развој и грижа за вработените“. Николиќ е избрана поради „долгогодишното искуство во развој на лидерство, организациски трансформации и управување со промени во банкарскиот сектор“. Се очекува да биде значајна поддршка во јакнењето на капацитетите на тимот и остварувањето на стратешките цели на Банката.

    „Овој чекор е уште една потврда за посветеноста на Банката кон развојот на своите луѓе и градење одржлива и успешна иднина. Заедно градиме стабилна, сигурна, силна и модерна Банка“, посочуваат од Алта банка Битола, додавајќи дека силна компанија не се создава само со капитал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично