ПОВЕЌЕ

    Иста услуга, различни банкарски провизии: Онлајн банкарство од 0 до 70 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Во интернет банкарството се забележува флексибилност во ценовната политика. Дел од банките нудат целосно бесплатно користење, додека кај други месечниот надомест најчесто се движи меѓу 15 и 40 денари. Највисоката провизија за онлајн користење услуги поврзани со платежна сметка е 70 денари.

    Постојат и модели со различни пакети – основен пристап без надомест и напредни услуги со дополнителна провизија. Кај некои банки надоместот зависи од тоа дали клиентот користи и други дигитални услуги. Овој сегмент покажува тенденција на постепено поевтинување или бесплатни опции, како дел од стратегијата за дигитализација и намалување на трошоците во филијалите и експозитурите.

    Од достапните податоци во базата на Народната банка, кои им се на располагање на граѓаните, се гледа дека од 12 банки, три не ги наплаќаат овие услуги: НЛБ банка, ПроКредит банка и УНИ банка.

    Од останатите, најниската тарифа од 15 денари е наменета за клиентите на Комерцијална банка. Во Алта банка тарифата е 20 денари за онлајн услугите поврзани со платежната сметка, но само доколку истовремено се користи Банк2Го, а ако не, тогаш провизијата е 40 денари.

    По 30 денари чинат интернет услугите во Капитал банка и во Силк Роуд банка. И ТТК банка ја применува таа тарифа, но надоместот зависи од тоа дали е направен пристап во тековниот месец.

    Цената од 35 денари е застапена кај Шпаркасе банка и Стопанска банка Скопје (без дигитален паричник). Со тоа што првата наплаќа 20 денари за инфо пристап, а втората – 50 денари со дигитален паричник.

    Во Халк банка за увие услуги се утврдени 40 денари, а највисока е цената од 70 денари што jа пресметува Централна кооперативна банка.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично