
Македонската економија мора да расте со најмалку 3,5 проценти годишно за да може одржливо да го сервисира јавниот долг, предупредува Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет, во поткастот „Каде се парите?“. Според него, доколку каматите по кои се задолжува државата се повисоки од економскиот раст, тогаш државата влегува во опасна зона. Дополнителен проблем е што структурата на буџетот е претежно социјална и тековна, со многу мал удел на капитални расходи кои би можеле да генерираат повисок и одржлив раст.
ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ
„Така да, од таа гледна точка, да останеме реални, доколку растот биде приближно 3,4 – 3,5%, ние ќе бидеме во добра позиција во однос на 2026 година и во однос на фискалните параметри.
Возможно ли е да бидеме околу 3,5%?
Јас се надевам, затоа што претпоставувам дека ги имале во предвид сите, доколку нешто не се случува, и поготово се надевам дека ако доаѓа до некое решение, како што се најавува, дека да биде привршување на кризата во однос на војната Русија – Украина, да се стабилизира малку Европа, и по таа основаа, најверојатно и ние ќе здишнеме многу полесно.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








