
Еврообврзницата од една милијарда евра, поделена на две транши со различно доспевање, е резултат на сериозни анализи во услови на скапи пари и нестабилни финансиски пазари, вели Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет, во поткастот „Каде се парите?“. Според него, Министерството за финансии не влегло импулсивно во ова задолжување, туку свесно ја поделило рочноста за да се избегне концентриран товар во една буџетска година. Беџети нагласува дека на овој начин раздолжувањето ќе падне во средината на мандатите на идните влади, а не на почетокот или крајот, што ја прави одлуката поодговорна и од економски и од политички аспект.
ЗА ЕВРООБВРЗНИЦАТА СО ДВЕ РОЧНОСТИ
„Мислам дека секако е добро за да биде товарот преземен, во однос на различни структури владини кои што би требало доколку настанат. Меѓутоа, политичките циклуси треба да бидат усогласени и со економско -финансиските циклуси. Така од таа гледна точка тоа е добро.
Ние имаме оваа година и идната година, 2027, некаде по 1,6 милијарди евра без делот на каматите. По тоа, највисоко имаме 2028 година, кога ни е 1,95 милијарди евра. Тоа ќе биде многу тешко, затоа што тогаш дури каматите се предвидуваат да изнесуваат најмалку 400 милиони плус.
Тоа ќе биде тешка година. Доколку задржиме стапка на раст над 3 – 3,5% годишно, најверојатно нема да биде отскокнуван многу јавниот долг. Спротивно, ние ќе бидеме во тешка ситуација од 2028 година, доколку не се постигне стапка на реален раст од најмалку 3,5%.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








