ПОВЕЌЕ

    Кога инвестирањето станува масовно, знаењето не смее да остане елитно

    Време зa читање: 3 минути

    Во последната деценија, инвестирањето на берзите доживеа трансформација што ретко се случува во финансиската историја. Апликациите за тргување, социјалните мрежи и дигиталните платформи го симнаа капиталниот пазар од институционалните височини и го ставија во џебот на секој корисник со паметен телефон. Денес, не е потребен брокер, финансиски советник или длабоко разбирање на пазарите за да се купи акција, криптовалута или дериват. Доволни се неколку клика и убедлива приказна на TikTok.

    Оваа демократизација на пристапот често се слави како победа на финансиската инклузија. Но истовремено, таа ја отвора и суштинската дилема на современиот капитализам: дали пристапот без знаење создава нови можности или само нови ризици? Кога финансиските инструменти стануваат лесни за користење, но остануваат тешки за разбирање, границата меѓу инвестирање и коцкање почнува опасно да се брише.

    Глобалните пазари веќе го почувствуваа овој феномен. Мем акциите, крипто-еуфоријата и краткорочните шпекулативни бранови не се само резултат на технолошки иновации, туку и на масовна финансиска неписменост маскирана како самодоверба. Кога одлуките се базираат на вирални видеа наместо на анализа, пазарот престанува да биде механизам за алокација на капитал и почнува да наликува на казино со софистицирана графика.

    „Во ваков еден контекст, финансиската едукација станува клучна инфраструктура на модерното општество“, рече Иван Ивановски основач на едукативната платформа Prime Class на неодамнешната конференција „The Economist MeetUP“. „Неопходно е луѓето да бидат едуцирани за да не гледаат во инвестирањето брз профит, туку да менаџираат со своите средства паметно, да донесуваат информирани одлуки, што ќе им овозможат долгорочна финансиска стабилност.“

    Ова е особено важно во мали економии како Македонија, каде што учеството на граѓаните на пазарите на капитал останува минимално, а доколку се поттикнува може значајно да придонесе за економскиот развој.

    Наместо да се користи како алатка за создавање капитал, инвестирањето често се доживува како нешто опасно, елитистичко или блиско до коцкање. Но според економистот и инвестициски експерт Иван Ивановски, проблемот не е во пазарите, туку во недостигот од знаење.

    „Со апликации, TikTok совети, мем акции и крипто-наративи, пристапот до инвестирање е масовен, но знаењето не. Кога луѓето влегуваат на пазарот без разбирање на ризикот, може да изгубат многу. Затоа создадовме достапна Prime Class платфрма во која информациите се структурирани, проверени и разбирливи за сите, а членовите нза Prime Class заедницара несебично си помагаат меѓусебе. “, вели Ивановски.

    Тој смета дека здравата инвестициска култура не се гради преку мотивациски пораки или брзи успеси, туку преку дисциплина, анализа и едукација.

    „Финансиски образованиот граѓанин не е само подобар инвеститор, тој е помалку подложен на манипулација, подобро ги разбира економските циклуси и носи поодговорни одлуки – и за себе, и за општеството“, додава Ивановски.

    Овој викенд Prime Class го организира, во хотел DoubleTree by Hilton во Скопје, годишниот настан на кој ќе бидат претставени резултатите од претходната година и очекувањата за наредната. Иван Ивановски ќе одржи презентација за Топ 5 компании кои треба да се следат во 2026 година.

    Пораката на настанот „Инвестирањето во 2026“ е дека, во време кога технологијата ја забрзува секоја одлука, најголемата конкурентска предност не е брзината, туку знаењето. Инвестирањето без знаење можеби изгледа инклузивно, но долгорочно создава нестабилност. Наспроти тоа, финансиската едукација создава пазар што размислува, капитал што се гради и општество што има насока.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично