До компаниите досега стигнаа околу 225 милиони од вкупно 250-те милиони евра од унгарскиот кредит, кој би требало сосема да се исцрпи во првото годинешно тримесечје, изјави премиерот Христијан Мицкоски, задоволен од начинот на кој средствата се искористени.
„Досега се пренесени преку Развојната банка околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95 проценти, со грејс-период до три години и до 15 години рок на отплата“, рече Мицкоски.
Целосната реализација на средствата се очекува во првиот годинешен квартал.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година кредитот целосно да биде исцрпен. Заедно со сопствените средства што банките ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, овие средства ги поддржуваат стопанството и економијата. На тој начин, на инвестициската мапа Македонија е навистина водечка земја во регионот“, истакна Мицкоски, појаснувајќи дека тоа е од аспект на растот остварен во првата половина од 2025, но и целосно во текот на годината.
„Процентот е двоцифрен. Споредно со истиот период во рамките на еврозоната, тоа е 2-2,5 проценти. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, рече Мицкоски.
Аналитика








