ПОВЕЌЕ

    Борислав Атанасовски времен член на Управниот одбор на АЛТА банка Битола

    Време зa читање: < 1 минутa

    Надзорниот одбор на АЛТА банка Битола го назначи Борислав Атанасовски за привремен член на на Управниот одбор. Улогата на вршител на должност ќе ја има сѐ  додека не се комплетира составот на ова раководно тело.

    „АЛТА банка АД Битола известува дека на 13-ти јануари 2026 година истече важноста на согласноста за именување на г-ѓа м-р Даниела Ѓоршевска за член на Управен одбор на АЛТА банка АД Битола. До финализирање на постапката и пополнување на составот на Управниот Одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност – член на Управен одбор на АЛТА банка АД Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор на Банката се именува м-р Борислав Атанасовски“, наведено е во известувањето објавено на Македонска берза.

    Атанасовски, кој е дел од Надзорниот одбор, и претходно, во одреден временски период бил заменски член во Управниот одбор на тогашната Стопанска банка Битола.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично