Сакате вашите пари да работат за вас, но мислите дека ви требаат многу пари за инвестирање? Петар Андреевски од ВФП Фонд Менаџмент во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ открива како со само 1.000 денари месечно можете да имате корист од светските берзи и да ги зголемите вашите заштеди. Плус тоа, инвестирањето е најдобра заштита од инфлацијата, постапката за инвестирање е едноставна. Значи може да се направи траен налог на 1000 денари.
„Во голем процент од македонското население има простор за себе, за своите деца, да почне да штеди барем 1000 денари од својот месечен приход.
Сметам дека на месечно ниво сериозно се забрзува таа динамика, има простор уште многу, бидејќи имаме голема депозитна база и таа депозитна база продолжи да расте бидејќи економијата расте, приходите и заштедите на граѓаните растат. ИРР е точно баш на таков пример пресметан во минатите 10 години кај нас, доколку инвеститор ќе дел секој месец еден фиксен износ на први во месецот, дали 1.000 денари, 100 евра, 50 евра, и сметам дека нашата клучна мисија како компанија е токму тоа да излеземе со обучени инвестициски агенти кои ја имаат лиценцата на Комисијата за хартија од вредност пред нашите инвеститори и да ги презентираат можностите преку едукација на македонското население, што значи изложеност на еквити, што значи инфлација, и дека во многу чести случаи, доколку еден инвеститор има веќе заштедено средства, пример, заработил добро, бил врвен во својата област или може би добил наследство, има одреден слободен капитал, дека ангажманот, како ќе го управува тој капитал, па дури како ќе штеди доколку континуирано заработува на месечно ниво вишоци, може на долг временски период да биде дури и позначајно колку заработува на месечно ниво од својата основна професија“.
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.