ПОВЕЌЕ

    КБ тимот со најмногу освоени први места на Банкарските спортски игри

    Време зa читање: 2 минути

    Второ место меѓу екипите од финансискиот сектор – тимот на Комерцијална банка и годинава постигна високи резултати на Банкарските спортски игри во Охрид. Натпреварувачите ги измерија силите во сите дисциплини, а епилогот е осум освоени медали: пет златни во штафета, пикадо мажи, куглање жени, одбојка мажи и жени, еден сребрен медал во куглање во машка категорија и две бронзи во пинг-понг и пикадо во категорија жени.

    На тој начин се освоени високи 34 поени, кои на тимот му го обезбедија вице-шампионското место во генералниот пласман. Успех на кој се радува и се гордее целиот колектив на Банката.

    Вработените во Комерцијална банка на терените покажаа силен тимски дух, сплотеност, борбеност и стремеж за упех. Велат, тие карактеристиките на КБ тимот му донеле одлични резултати, зашто – секогаш полесно е заедно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично