ПОВЕЌЕ

    Во Охрид почнуваат 25. Банкарски спортски игри со 16 тимови и над 600 учесници

    Време зa читање: < 1 минутa

    Повеќе од 600 учесници – вработени во финансискиот сектор, ќе ги проследат и ќе ги одмерат спортските вештини на 25. Банкарски спортски игри, кои во организација на СФОМ почнуваат денес во Охрид. Секој од 16-те тимови го претставува својот работен колектив, односно банките, штедилниците, осигурителните компании, регулаторите во оваа област, здружени преку Синдикатот на работниците од финансиските организации.

    Денес и утре на терените ќе се игра фудбал, серва, одбојка, кошарка, баскет. Умешностите ќе се прикажат и во тенисот и пинг-понг, пикадо, куглање и во стрелаштво. Предизвик за натпреварувачите се и шаховските табли. Ќе се трча и штафета.

    Од СФОМ истакнуваат дека бројот на учесниците се зголемува од година во година. Очекувањата се дека промовирајќи здрави навики и континуирана работа на промоција на здруженост под еден заеднички синдикат, и сребрениот јубилеј ќе биде одбележан со позитивен и тимски дух.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично