ПОВЕЌЕ

    Уни банка е одговорна, иновативна и стабилна финансиска институција – Обраќање на Управниот одбор

    Време зa читање: 3 минути

    Добрата стратегија, одличната структурна поставеност, квалитетот и мотивираноста на вработените резултирале со уште една успешна во низата од неколку успешни години, се вели во обраќањето на членовите од Управниот одбор на УНИ банка до акционерите, клиентите и колегите.

    „Минатата година УНИ банка АД Скопје постигна успех со кој ја зацврсти позицијата во банкарскиот систем како одговорна, иновативна и стабилна финансиска институција. Тоа се должи на квалификациите на вработените и менаџерскиот тим, бизнис репутацијата, конкурентноста со воведувањето на атрактивни бизнис продукти и услуги, вклучително и продажба на инвестициско злато и сребро и продукти од областа на платните сервиси. Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции“.

    Од менаџментот потсетуваат на достигнувањата: раст на добивката, која со остварените 7,899 илјади евра е на засега рекордно ниво; раст на вкупните приходи базиран во најголем дел на зголемените нето–приходи од камати, како и на повисоките приходи од реализирани продажби на нефинансиски средства; депозитите на домаќинства и на банките имаат се доминантни во вкупниот пораст на депозитното портфолио, со апсолутен годишен раст од 10 милиони евра и 9 милиони евра, соодветно.

    „Во текот на целата година ликвидноста беше на високо ниво, во просек од 26%, што овозможи континуитет во извршувањето на финансиските активности и исполнување на законските обврски на банката. Во 2024 година кредитите на нефинансиски субјекти забележаа солиден раст од 25 милиони евра, при што беше задржан високиот квалитет на кредитното портфолио со вкупен процент на резервираност од 1,89%, а воедно се продолжи и со внимателна политика во одобрувањето на кредитите. УНИ банка ја заврши годината со стабилни капитални показатели и адекватност на капиталот од 18,22%“.

    Воедно, се посочува дека УНИ банка е единствената на македонскиот пазар која изминативе години прави увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота и која како резултат на тоа го има епитетот “The bank of gold”. Исто така, се нагласува дека како резултат на светските трендови и растечката побарувачка за нови инвестициски продукти, започната е продажба на сребро.

    „Веќе две години по ред остваруваме рекордни резултати, воведовме иновативни банкарски продукти, имаме конкурентни каматни стапки, што е причина клиентите да нè доживуваат како партнери, консултанти, како некој кој се грижи за нив. Годината ја одбележаа и бројни активности за нашите вработени, нивните семејства, бидејќи тие се срцето и главниот двигател на нашата компанија. Во нивната едукација и благосостојба ќе вложуваме и во иднина“, порачуваат од Управниот одбор во состав: Милка Тодорова – претседател и извршен директор, и членовите и извршни директори Делчо Крастев и Владислав Хаџидинев.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично